Следуваат големи временски промени

Денес ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Од понеделник ќе преовладува стабилно и се посончево време време, а утринските температури значително ќе опаднат.

Прогноза за 29.01.2024
Минимална температура: -8°C до 0°C
Максимална температура: 1°C до 10°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 30.01.2024
Минимална температура: -11°C до -2°C
Максимална температура: 4°C до 12°C

Утрото студено со појава на мала до умерена локална облачност, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 31.01.2024
Минимална температура: -12°C до -3°C
Максимална температура: 6°C до 13°C

Утрото студено и ведро, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.