Словенечкиот министер за одбрана Марјан Шарец во Скопје

Министерот за одбрана на Словенија Марјан Шарец денеска ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија, при што со министерката Славјанка Петровска ќе потпишат нов договор за соработка во одбраната меѓу двете држави.

-Шарец и Петровска ќе учествуваат и на панел – дискусија на тема „Научени лекции, споделени искуства и идни предизвици на кризниот менаџмент и цивилната заштита: Словенија и Северна Македонија, најави Министерството за одбрана.