СНИМЕНО СО КАМЕРА ОД ВОЗДУХ: Еве како изгледа Бахмут по 224 дена борби – МОРНИЧАВО ПУСТ И СРАМНЕТ СО ЗЕМЈА! (ВИДЕО)

Камерата фати се.

Градот Бахмут беше освоен од руските сили по 224 дена борби, а од воздух е снимено како изгледа градот денес.

Украинската војска во понеделникот соопшти дека Бахмут (руски за Артјомовск) останува во центарот на борбите и дека во изминатиот ден Русите „неуспешно се обиделе да ги вратат загубените позиции јужно од (блиската) населба Иванивска“.

Русија изврши воздушни напади и врз Бахмут, објави „Гардијан“.

Шефот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, најпрвин во саботата објави дека руските сили ја презеле целосната контрола над Бахмут.

Руското Министерство за одбрана тогаш потврди дека Бахмут е „ослободен“, по што Путин им честитал на платеничката група Вагнер, која ја води борбата за градот, и на членовите на редовната руска армија .