Солзи за бразилската мега-ѕвезда: Даде изјава која крена голема прашина а по само четири минути игра го напушти натпреварот! (фото)

Тој го напушти натпреварот со Саутемптон по само четири минути поради повреда. Ричарлисон започна како стартер само девет натпревари во Премиер лигата оваа сезона по неговиот трансфер од Евертон за 60 милиони фунти минатото лето, и допрва треба да постигне гол за тимот од северен Лондон.

Се уште не е позната точната сериозност на неговата повреда, иако тој наводно чувствувал здравствени проблеми веќе за време на загревањето. Бразилскиот репрезентативец во солзи го напушти теренот, додека неговите соиграчи на чело со Хари Кејн неуспешно се обидуваа да го утешат.

Ричарлисон 

Неодамна, Ричарлисон, говорејќи за новинарите по елиминацијата од Милан во Лигата на шампионите, оваа сезона за него ја окарактеризира како – „срање“.