Сослушана и дадилката на момчето-психопат од Врачар: Прочитајте од кога се знаат и што кажа

Дадилката на момчето убиец (13) била на разговор во полиција, каде што детално раскажала сe што знае за неговото воспитување и навики.

Според информациите, таа детално раскажала сè што знаела за момчето, неговата сестра и родителите.

Дадилката се грижела за него од кога момчето имало само 11 месеци до пред неколку години и во тој период поминувала повеќе време со него отколку неговите родители.

Да потсетиме, кобното утро момчето од сефот извади два пиштоли на татко му на кои му ја знаеше шифрата и направи четири „молотови коктели“, а потоа тргна на крвав поход.

На влезот во училиштето убил чувар и уште три девојчиња кои случајно се нашле таму без да им каже збор. Потоа ја сменил рамката за муниција во пиштолот во ходникот и влегол во училницата на долниот кат, каде што неговиот клас имал час по историја.

Таму прво ја ранил наставничката во раката и стомакот, а потоа се завртел и пукал во децата. Убил шест деца, а ранил уште пет.

По масакрот излегол од училницата и самиот повикал полиција велејќи дека ги убил децата.