Според воени блогери, најмалку 13 руски војници загинале за време на бунтот на „Вагнер“

– Најмалку 13 руски војници се убиени за време на бунтот на паравоената група Вагнер, вклучително и пилоти, соопштија проруски воени блогери, јави ДПА.

Бројот на жртви може да надмине 20, посочија денеска независни коментатори, со оглед на соборувањето на шест хеликоптери и извидувачки авион од страна на ловците на Евгениј Пригожин, шефот на Вагнер.

Засега нема потврда од руските власти за ваквите тврдења, а информацијата не може да биде потврдена од независен извор, потенцира ДПА.

Соборените хеликоптери вклучувале три Ми-8 кои се користат за електронско војување кои повеќе не стигнуваат до фронтот, објави воениот блог „Рибар“.

Се урна и транспортен авион Ил-18 при што загина целиот екипаж, се вели во објавата на„Рибар“. Ако бројките се точни, тоа би значело дека загубите на воздухопловните сили за време на бунтот биле поголеми отколку за време на украинската контраофанзива.

Пригожин вчера даде спротивставени информации за судири меѓу неговите ловци и руските воздухопловни сили. На пример, тој првично рече дека бил соборен хеликоптер, но подоцна, кога нареди запирање на маршот кон Москва, потенцираше дека не била пролеана ни капка крв.