СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА КИМ ЏОНГ УН – Објавени први детали за планираното убиство, убијците го чекале лидерот на Северна Кореја во Владивосток !?

Веб-портал Daily Beast со седиште во САД го потврди постоењето на планови за атентат на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, од кои барем еден бил финансиран од јужнокорејското разузнавање.

Daily Beast, повикувајќи се на доверливи извори, објави дека постоел план за соборување на режимот на Ким Џонг Ун во 2017 година и дека јужнокорејската национална разузнавачка служба им ги обезбедила потребните средства на организаторите на атентатот. Зад планот наводно стоеле генералниот директор на јужнокорејската невладина организација То Хје Јонг и Ким Сунг Ил, кој оперирал од Хабаровск. Убијците наводно сакале да купат оружје во Русија.

Daily Beast пишува дека планот пропаднал и неколку организатори биле уапсени. Севернокорејските медиуми тогаш објавија дека има докази дека ЦИА стои зад се.

Друг извор на американскиот веб-портал, севернокорејскиот бегалец Чанг Се Јулу, тврди дека имало повеќе планови за убиство на лидерот на Северна Кореја. Еден од нив се однесува на атентатот на севернокорејскиот лидер за време на посетата на Владивосток, но безбедносните служби на Северна Кореја дознале за планот, патувањето било откажано, а неколку десетици луѓе биле приведени.