Спречен украински напад со дрон на Подмосковље

– Министерството за одбрана на Русија соопшти дека е спречен обид на Украина со дрон да ја нападне московската област.

„Ова утро е спречен обид киевскиот режим со дрон да изведе терористички напад на објекти во Подмосковље“, наведе руското Министерство.

Во соопштението се наведува дека беспилотното летало го собориле руските системи за противвоздушна одбрана, додавајќи дека во нападот нема загинати ниту е предизвикана материјална штета.

„Непријателското беспилотно летало се обиде синоќа да изведе напад, но соборено е од страна на силите на Министерството за одбрана. Нема загинати ниту е предизвикана штета“, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Москва, Сергеј Собјањин.