Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Ерменија, Вахан Хачатурјан во Давос

– Претседателот Стево Пендаровски денеска остварил средба со претседателот на Република Ерменија, Вахан Хачатурјан, во рамки на учеството на Светскиот економски форум во Давос.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, се разговарало за билатералната соработка меѓу двете држави и развојот на политичкиот дијалог на високо ниво.

Соговорниците размениле мислења и за актуелните случувања во поширокиот регион.