Став на претседателот Стево Пендаровски по повод реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ: “Неверојатно е зошто не можат да разберат што навистина се случи во петокот“

Неверојатно е зошто во политичката партија ВМРО-ДПМНЕ не можат да разберат што навистина се случи во петокот. Во нивното најново соопштение, освен примитивни дисквалификации по кои се препознатливи во јавноста, тие го критикуваат претседателот на државата затоа што побарал одговорност за организаторите на собирот на кој беше истакната карта на „Голема Албанија“, не беше интонирана македонската химна, ниту беше истакнато државното знаме, наведува претседателот Стево Пендаровски по повод реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за неговиот став околу посетата на косовскиот премиер Албин Курти.

Очигледно, оценува Стево Пендаровски, за ВМРО-ДПМНЕ, се поважни надлежностите на општините и Градот Скопје, отколку заштитата на националните интереси на државата.