Стигнува ,,убиецот” на зимата: Од Африка доаѓа моќниот антициклон Зевс кој носи вистински пролетни температури, но има и една лоша работа

Моќниот антициклон Зевс доаѓа од Африка и во наредните денови ќе се прошири низ поголем дел од Европа!

Зевс најпрво ќе се прошири на југозападниот дел од континентот, а потоа ќе се прошири низ западна, централна и северна Европа.

Метеоролозите велат дека антициклонот Зевс е толку моќен што може да ја совлада зимата, па во следните десет дена заборавете на дебелите јакни, особено во јужните делови на Балканот каде температурите ќе се искачат над 16 степени.

Го добил името Зевс затоа што, според грчката митологија, тој бог може да го контролира времето.

Станува збор за суптропски антициклон кој во зима носи температури над просекот за оваа сезона, па сигурно нема да биде студено до крајот на јануари, а нема да видиме студ ниту во првите денови на февруари.

Но, освен пријатното време, антициклонот има и лоша страна.

Поради слаба вентилација и специфичноста на суптропскиот антициклон, во континенталните предели ќе има многу магла.