СТРАШНО ВИДЕО – Детето падна во шахта додека мајката ја туркаше количката! Жената избезумено се борела да го извлече (видео)

На социјалната мрежа Редит се појави грозоморно видео на кое се гледа како дете пропаѓа во шахта.

Имено, на видеото кое не се знае точно каде е направено, но се претпоставува, според коментарите, дека сето тоа се случило некаде во Соединетите Американски Држави (САД), може да се види како мајка шета со своето дете, а додека ја турка количката, детето паѓа во шахтата.

Во еден момент детето стапнува на капакот на шахтата и тогаш почнува ужасот. Капакот наеднаш се отвора и детето паднало внатре.

За среќа, некои минувачи дошле да и помогнат и со нивна помош успеале да го извлечат детето од дупката.