Страшно видео од падот на украинскиот авион: Тројца загинаа во падот на „Албатросот“, багери ги отстрануваа изгорените остатоци (ВИДЕО)

Во судир на два тренинг авиони Л-39 Албатрос на украинските воздухопловни сили, загинаа тројца пилоти, меѓу кои и Андреј Пилшиков, наречен „Џус“.

Судирот на небото се случил вчера, над градот Житомир.

На местото на несреќата, остатоците од авионот останале заглавени во земја, а според снимката која ја објави ,,Некста”, се гледаат камиони полни со изгорени делови од леталото.

Според украинските медиуми, Пилшиков учествувал во одбраната на Киев на почетокот на војната, летајќи со авион МиГ-29.

Тој неколку пати зборуваше за западни медиуми, како што се Вашингтон пост, Би-би-си, Фокс, каде често ја користеше можноста да апелира до западните земји да испратат модерни авиони на Киев.

Аеро Л-39 Албатрос е млазен авион за обука произведен во Чехословачка. Првиот лет го направи на 4 ноември 1968 година. Во 1972 година, тој беше избран за главен авион за обука на земјите од Варшавскиот пакт.

Сериски се произведувал до 1999 година, а биле изградени вкупно 2.868 авиони. Се користи во повеќе од 30 земји низ светот.

Должината на трупот е 12,13 метри, распонот на крилата е 9,46 метри. Максималната брзина на L-39 е 761 километар на час, практичниот опсег на летот е 1650 километри, а практичниот плафон е 12 илјади метри.