Сакаа да го испровоцираат! Го прашаа Ѓоковиќ дали им се лути на Американците – овој одговор не го очекуваа!

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ доби исклучително интересно прашање на прес-конференцијата пред почетокот на УС Опен.

По две години пауза, српскиот ас конечно доби шанса да атакува по титулата во Њујорк.

На Новак му беше забранет влез во САД бидејќи не сакаше да прими вакцина против корона вирусот, па пропушти голем број турнири. Многумина веруваат дека поради сè што се случи Новак ќе има дополнителна мотивација за претстојниот УС Опен.

„Кога се вративте во САД минатата недела, имаше ли некаков постојан гнев или разочарување затоа што не бевте тука минатата година? Спомнавте дека на претходниот натпревар што го имавте овде, имавте одлично чувство за навивачите. Дали поради тоа уште потешко ти паѓа што не беше тука“, го праша американскиот новинар на српскиот ас.

Новак се насмевна и одговори:

„Не, немаше гнев. Не размислувам што се случи минатата или последните неколку години. Се фокусирам само на претстојниот турнир“.

Да потсетиме, Новак во понеделник во Њујорк ќе го започне својот поход кон 24. Грен слем титула во кариерата. Негов ривал во првото коло на УС Опен ќе биде францускиот тенисер Александар Мулер.