СУПЕР ТАЛЕНТ – РЕАЛ ИМА НОВО ЧУДО ОД ДЕТЕ ! Запомнете го ОВА име, на Барселона и даде 56 поени и имаше 33 скока НЕРЕАЛНО (ВИДЕО)

Реал Мадрид има чудо од дете! Мамаду Лундур има 13 години и е висок 211 ​​сантиметри и – доминира!

Во финалето на Купот на кралот за играчи до 14 години против Барселона, тој постигна 56 поени и имаше 33 скока, пет блокади, со вкупен индекс на корисност од дури 82! Нереално!

На крајот „Краљевици“ победија со 84:74, а суперталентираниот центар секако го доби признанието МВП.

Натпреварот се одигра пред 8.600 гледачи во Бадалона.

Инаку, тоа финале беше предигра за финалето на „вистинскиот“ Куп на кралот меѓу Тенерифе и Уникаха што ќе се игра од 19 часот.