ТАА Е ВИСТИНСКИ ХИТ! Порно-ѕвездата ја ‘сруши’ најпознатата порно страница поради Доналд Трамп: “Секој ден ја гледаат неверојатен број мажи!“

Сторми Даниелс практично го сруши порнографскиот веб-сајт Pornhub. Имено, откако таа сериозно зборуваше и го обвини Доналд Трамп затоа што тој наводно ја поткупил да молчи за аферата што наводно ја имале во 2006 година, пребарувањата за нејзините секс видеа на таа порно страница пораснале за неверојатни 21 илјада отсто.

Изгледа дека апсолутно сите сакаа да ја видат Сторми, пишува New York Post.

Даниелс е порно ѕвезда која се најде среде истрага откако се отворија сомнежи дека Трамп и платил 130.000 долари за да ги прикрие нивните сексуални односи пред претседателските избори во 2016 година. Ова е причината зошто нејзиното име беше пребарувано дури 467.000 пати на Pornhub само во вторникот.

Зголемувањето на интересот започна откако Трамп на социјалните мрежи напиша дека наскоро ќе биде уапсен на Менхетен, а претходно изјави дека е жртва на нејзиниот злобен план за изнуда. 

Доналд Трамп

Иако Даниелс не ја коментираше најновата драма, нејзината колешка, порно актерката Шери Девил ги поддржа нејзините тези.

Инаку, Даниелс е „пензионирана“, односно повеќе не глуми во филмови за возрасни. Таа самата изјави дека добила 130.000 долари за да молчи за средбата со Трамп, но тој тврди дека не знае ништо за исплатата.

Според една верзија, Сторми била поткупена од адвокатот на Трамп, а Трамп подоцна дознал за тоа и му ги вратил парите. Даниелс е родена во Луизијана во 1979 година, а нејзиното вистинско име е Стефани Клифорд.

Таа во младоста била сексуално злоставувана и сиромашна, а во текот на кариерата била стриптизерка, порно актерка, продуцент и режисерка на филмови за возрасни. Таа го запознала Трамп на голф турнир, а вечерата со Трамп завршила, како што и самата кажала, со секс. Наводно, поранешниот претседател ѝ ветил дека ќе ја уфрли во неговото реално шоу „The Apprentice“.