“Така се прави” – Џенифер Лопез облечена во фустан кога сакате сите погледи да бидат вперени во вас (ФОТО)

Во неделата кога се одржаа Греми наградите каде пејачката Бијонсе го собори рекордот за најмногу освоени награди во кариерата, но повторно загуби во престижната категорија за албум на годината, овојпат од британскиот пејач Хари Стајлс.

Бијонсе освои четири Греми, вклучувајќи го и најдобриот денс/електронски албум, со што вкупно во кариерата достигна 32. Досега тој рекорд, со 31 освоен трофеј, го држеше починатиот диригент на класична музика Георг Солти.

И покрај нејзиниот успех низ годините, 41-годишната Бијонсе никогаш не ја освоила наградата за најдобар албум. Хари Стајлс ја доби таа престижна награда во неделата за “Harry’s House”.

На наградата присуствуваше и пејачката Џенифер Лопез, во улога на водителка. Таа ја врачи наградата за најдобар поп албум, исто така на Хари Стајлс.

Пејачката и актерка привлече внимание, меѓу другото, и со изборот на фустан. Таа на црвениот тепих пристигна во гламурозна креација на модната куќа Гучи, која е создадена за да привлече внимание.

Горниот дел на темносиниот фустан беше украсен со блескави реси. Уште повеќе, ракавите на фустанот со длабок V-деколте се целосно изработени од сребрен раб.

Друг детал кој не можеше да остане незабележан е дрскиот шлиц на ногата создаден за најхрабрите дами.

Пејачката изгледот го заокружи со накит на Булгари, а што се однесува до обувките, се одлучи за блескави сребрени сандали со платформа и вртоглаво висока потпетица. Носеше и светкава клач чанта и пуштена коса како бранови.

Пејачката со својот моден избор се пофали и на својот Инстаграм. Под трите објави посветени на ова издание, таа доби стотици илјади лајкови и илјадници ентузијастички коментари.

Така се прави, тоа е само еден од нив.