Телото на девојката (26) пронајдено на нива: Трагичен крај на потрагата по Карла, романската полиција се сомнева дека е убиена (видео)

Исчезнатата Карла Сорина (26) од Клуж-Напока во Романија била пронајдена мртва во четвртокот, во нива надвор од градот во општина Гарбау. Нејзиното семејство пријавило дека таа излегла од дома во вторникот на 23 јануари и дека е исчезната.

Сорина во вторникот наутро околу 10 часот го напуштила станот во кој живеела со своето момче. Се качила во возот и се симнала на станицата Грбау, на 50 километри од дома, а таму за последен пат бил фатен и сигналот од нејзиниот мобилен телефон.

Локалните жители подоцна рекоа дека виделе млада жена како оди сама кон шумата на периферијата на градот. Таа беше облечена во фармерки и црна јакна и имаше ранец на грбот.

Полицијата во Клуж пред два дена била алармирана од роднини на младата жена кои пријавиле дека излегла од куќата, по што исчезнала. Окружниот полициски инспекторат Клуж објави фотографија и информации за младата жена, повикувајќи ги оние што ќе ја видат, да ги известат властите. Исто така, два дена по неа трагаа над стотина полицајци, жандарми и доброволци.

Безживотното тело на младатс жена беше пронајдено на 25 јануари од една од екипите на периферијата на општина Гарбау. Полицијата соопшти дека отворила истрага за утврдување на околностите под кои настапила смртта.

„За да се утврдат сите околности под кои настапила нејзината смрт, полицијата ќе ја продолжи истрагата во рамки на кривичното дело убиство од небрежност, а ќе биде извршен и медицински и правен преглед“, наведуваат од полицијата во изјава за медиумите.