Тениската легенда е загрижена за Новак Ѓоковиќ: „Има две деца…“

Новак Ѓоковиќ со голема цел влегува во новата тениска година, сака да ги освои најважните турнири, Грен слемовите, но многумина се прашуваат колку е тоа реално во моментов.

Меѓу нив е и тениската легенда Џон Мекинро, кој смета дека српскиот тенисер мора да промени една работа:

Новак сака да освојува Грен слемови, но како? Не игра доволно турнири“, изјави Мекинро, кој смета дека српскиот тенисер мора да игра на неколку помали турнири за да влезе во форма за најважното нешто:

“Веќе во четврт-финалето можеше да игра против Алкараз, а во полуфиналето против Синер. Во моментов е многу комплицирано. Освен тоа, Новак има две деца, па нема да му биде лесно да игра цела сезона. “, заклучува Мекинор.