Нова бура денеска го погоди италијанскиот регион Венето, а граѓаните на социјалните мрежи споделија видеа на кои се гледа дека невремето предизвикало и торнадо.
Според локалните метеоролози, бурата од мали размери напредувала во суперќелија за време на која е создаден мезоциклон, поточно структура што може да се претвори во торнадо за време на ротацијата, објави Инметео.
– Конкретно, торнадото се формираше долж брегот меѓу градовите Језола и Кавалина, додека екипите на терен известуваат дека во моментов нема повредени и нема материјална штета.
– Го видовме од далечина, за среќа не предизвика никаква штета – напишала жената која го објавила видеото од торнадото.
Италија на 21 јули беше погодена од торнадо, а во тој момент на социјалните мрежи можеа да се видат застрашувачки снимки.
Силно невреме со екстремни појави како виорови и „топчиња“ од град поголеми од тениски топчиња, со пречник до 7-8 сантиметри, потоа го зафати северниот дел на Ломбардија и Венето.