ТОТАЛНОТО ЗАТЕМНУВАЊЕ НА СОНЦЕТО НОСИ ВИСТИНСКИ НЕБЕСЕН СПЕКТАКЛ: Милиони луѓе ширум светот со нетрпение го очекуваат ова

Милиони луѓе денеска се надеваат на ведро небо во исчекување на целосното затемнување на Сонцето. Метеоролозите предвидуваат облачно време во северниот дел на Мексико, Тексас и делови од регионот на Големите езера, јавува Би-Би-Си.

Подобро време се очекува во западно Мексико и делови од Среден Запад на САД, со ведро небо веројатно во Нова Англија и Канада.

На западниот брег на Мексико прво ќе се случи целосно затемнување на Сонцето .

Ќе се движи североисточно низ густо населените области и неколку поголеми градови во три земји.

Ова ќе биде прво затемнување на Америка од 2017 година, а следната можност за овој феномен ќе биде во 2044 година.