ТОЈ Е НАЈГОЛЕМАТА НОЌНА МОРА НА КРЕМЉ – Ја предвидел инвазијата, три пати бил ранет, а Русите не можат никако да го убијат: “Имам извори многу блиски до Владимир Путин, знам што се случува!“

Кога оди на интервјуа со странски новинари и разговара за воени разузнавачи, тој секогаш носи пиштол со себе. Патем, оружје и воена опрема се расфрлани на подот од неговата канцеларија во Киев, а тој тврди дека има „извори“ блиски до рускиот претседател Владимир Путин.

Неговото име е Кирило Буданов (37 г.) и тој е прв човек на Украинската разузнавачка служба, која води шпионски операции за време на војната со Русија, а тој гради необичен јавен профил што го користи за ширење пораки и закани на Русија од далеку.

слика
Кирило Буданов

Деновиве директорот тајната служба не може да остане во сенка. Ова едноставно веќе не е возможно“, изјавил за медиумската агенција Reuters директорот на Украинската управа за генерално разузнавање (ГУР) од неговиот строго заштитен штаб во Киев.

И сите наредни војни ќе изгледаат вака. Во која било земја во светот. Можеме да кажеме дека наметнуваме трендови“, вели Кирило Буданов.

Украина научи лекција од 2014 година, кога Русија го изненади светот со заземањето на украинскиот полуостров Крим и започнувањето на војна. Целосно ја загубивме информациската војна во 2014 година. А војната која започна во 2022 година ја дочекавме на сосема поинаков начин. Сега Русите ја губат информативната битка“, тврди Кирило Буданов.

Бидејќи бунтот на платениците од групата Вагнер во Русија минатиот месец го направи владејачкиот систем во Москва да изгледа понестабилен, Кирило Буданов ја искористи можноста да објасни што знаат украинските шпиони за нивниот непријател.

Тој тврди дека руските платеници кои се побуниле, тргнале кон воената база во потрага по нуклеарно оружје, а неколку руски извори потврдиле делови од таа изјава за Reuters.

Кирило Буданов, исто така, го наведе истражувањето спроведено од Министерството за внатрешни работи на Русија, според него, кое покажало дека првиот чокве на ВагнерЕвгениј Пригожин, има поддршка во Русија.

Додуша, Кирило Буданов не дал никаков доказ, но треба да се запомни дека точно предвидел дека Русија ќе изврши инвазија пред да избие војната минатата година.

слика
Кирило Буданов

Имаме свои извори. Во канцелариите најблиску до Владимир Путин, така да се знаеме Затоа најчесто знаеме што се случува“, нагласува Кирило Буданов.

Назначен во август 2020 година, Кирило Буданов забележа пораст на неговата популарност во Украина за време на војната, каде што беше прикажан како мозокот на операциите насочени кон нанесување штета на Русија. Се подразбира дека во руските медиуми има сосема спротивен статус.

Кремљ ја осуди неговата „монструозна“ изјава во мај, во која тој кажа дека – „ќе продолжи да убива Руси каде било на овој свет до целосна победа на Украина“.

Русија ги обвини украинските тајни служби за убиството на провоениот руски блогер Владлен Татарски, но официјален Киев ја негира вмешаноста. Руските медиуми објавија дека судот во Москва во април го осудил Кирило Буданов во отсуство под обвинение за тероризам.

Изгледите шпионската агенција да испрати атентатори да ги ловат украинските непријатели предизвика споредби со израелската тајна служба Мосад, а Кирило Буданов не се спротивставува на аналогијата.

Ако ме прашувате за Мосад, кој е познат по тоа што ги елиминира непријателите на својата земја, тогаш ние го направивме тоа и ќе го направиме. Не треба ништо да создаваме бидејќи тоа веќе постои“, објаснува првиот човек на Главната управа за разузнавање на Украина.

Кирило Буданов ја започнал својата воена кариера како оперативец на специјалните сили и служел на исток откако Русија го анектираше Крим и ги зазеде источните краишта на Украина. Во борбите дури три пати бил ранет. Откако го презеде раководството на шпионската служба, имаше неколку обиди за негово убиство, вклучително и неуспешен обид да се постави бомба под неговиот автомобил.

Единствено што можам да кажам е дека не престанаа да се обидуваат, но повторувам, се е залудно“, нагласува Кирило Буданов.

Кон крајот на мај руски воздушен напад го погоди неговиот штаб во Киев, по што руските медиуми објавија дека тој е тешко ранет. Сепак, Кирило Буданов го минимизира значењето на овие извештаи.

Тоа не беше нивен прв обид. Но, како што можете да видите, ние седиме овде во главниот дел од оваа зграда. Не грижете се, се оди според планот“, заклучил Кирило Буданов.