ТРАГЕДИЈА ВО БУГАРИЈА: Во камион пронајдени 18 мртви мигранти, уште 14 во критична состојба! Возачите побегнале

Телата на 18 мигранти се пронајдени во надуен камион кај селото Локорско кај Софија, соопшти бугарското Министерство за внатрешни работи, пренесува Btvnovinite.com.

Уште 14 лица се префрлени во болниците во Софија во тешка состојба, а на најмалку десет лица им била укажана помош на местото каде што биле пронајдени.

Се проценува дека во шлеперот кој превезувал дрва имало вкупно 40 лица.

Бугарските медиуми јавуваат дека мигрантите биле скриени во специјално скривалиште под товарот и дека долго време поминале без храна и вода

Според бугарските медиуми, возачите побегнале и по нив се трага.

Инаку, камионот бил пронајден два часа по полноќ.

Истрагата е во тек, а на терен се бројни полициски и возила на брза помош.