ТРАГЕДИЈА – Загина 20-годишен мотоциклист во сообраќајна несреќа во Кавадарци 

Загина мотоциклист во сообраќајна несреќа што се случила рано изутрина во Кавадарци. Информацијата ја потврдија од МВР за МИА.

Утрово во 01.33 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на улицата ‘Шишка‘, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘Audi‘ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.Н. (33 г.) од Кавадарци, патничко возило ‘Toyota‘ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Г. (18 г.) од Кавадарци и мотоцикл ‘Aprillia‘ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.П. (20 г.) од Кавадарци. Во несреќата мотоциклистот С.П. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци каде што во 02.20 часот починал“, појаснија од МВР.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на ОВР Кавадарци.