Трагедија на стадион: Најмалку 12 лица го загубија животот!

Најмалку 12 лица загинаа, а 80 се повредени во стампедо што се случи за време на отворањето на Игрите во Индискиот Океан што требаше да се одржат во Мадагаскар, во Атананариво.

Како што јави агенцијата Ројтерс, трагедијата се случила кога публиката се обидела да влезе на свеченото отворање.

Наводно, околу 50.000 гледачи се обиделе да влезат на стадионот Баре кога настанала паника и навалица во која загинале најмалку 12 лица.

Ова го потврди и претседателот на Мадагаскар Андри Рајоелина, кој присуствуваше на отворањето на Игрите:

„Трагичниот настан се случи бидејќи имало туркање. На влезот има мртви и повредени“, рече тој.

Овој натпревар се закажува на секои четири години на различни острови од југозападниот дел на Индискиот Океан, а според програмата требаше да трае до 3 септември.

Игрите во Индискиот Океан се одржуваат околу 40 години на секои четири години на различни острови во југозападниот дел на Индискиот Океан.