ТРАГЕДИЈА! ПОЗНАТИОТ СПОРТИСТ ЗАГИНА ВО СТРАВИЧНА НЕСРЕЌА! Со своето Порше удрил во дрво и починал на лице место!
Страшна вест доаѓа од Канада оваа сабота. Имено, животот го загуби британскиот репрезентативец Мајк Хамонд.
Според информациите, Мајк со своето Порше удрил во дрво и починал на лице место, а полицијата се уште не се изјаснила за оваа трагедија.
Во поголемиот дел од својата кариера, Хамонд играше во Северна Европа, играјќи за тимови во Данска и Шведска, како и во Германија.
Роден е во Британија, а пораснал во Канада, каде што се „заљубил“ во хокејот и запловил во тие води.
Тој играше за репрезентацијата на својата земја на две светски првенства во 2019 и 2021 година.
Оваа трагедија ја потврди и Хокеарската асоцијација на Велика Британија.
„Хокејарите на Велика Британија се уништени од објавата дека почина напаѓачот Мајк Хамонд. Мајк беше ценет соиграч од Велика Британија, сакан од многумина и беше дел од британското семејство“, се вели во соопштението на чадор организацијата на британскиот хокеј на мраз.