ТРАГИЧНА ВЕСТ ГО ПОТРЕСЕ БАЛКАНОТ: Познатиот фудбалер и репрезентативец почина по тешко боледување, ниту две операции не му помогнаа
Марио Божиќ, поранешен фудбалер од Босна и Херцеговина, кој смени неколку клубови во Србија, почина на 40-годишна возраст.
На 25 мај требаше да го прослави својот 40-ти роденден, а почина по битка со тешката болест.
Божиќ имал тумор на мозокот и две големи операции, пренесува „Спортал“. За жал, тој не успеа да се извлече од комплицираната ситуација.
Божиќ во својата богата играчка кариера ги бранеше боите на Вождовац, Борац од Чачак, а настапуваше и за Слован Братислава, како и за унгарските екипи Ујпешт и Видеотон, а забележа два настапи за репрезентацијата на својата земја.
Играше на позицијата централен играч за врска, а се испроба и за израелски Ашдодок, кинески Шенху, азербејџански Симурк и грчки Панчаики.
Кариерата ја заврши во 2016 година откако играше за Лозница.