Трамп победи на пратеничките групи во Ајдахо, Мисури и Мичиген
Поранешниот американски претседател и фаворит за републиканска претседателска номинација Доналд Трамп победи на партиските пратенички групи во американските држави Ајдахо, Мисури и Мичиген .
По победата во три држави во саботата, Трамп има поддршка од 244 делегати , додека другиот кандидат за републиканска претседателска номинација, поранешната амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, има поддршка од 24 делегати, пренесе АП.
На кандидатот му е потребна поддршка од 1.215 делегати за да ја добие републиканската номинација.
Следните републикански прелиминарни избори ќе се одржат денеска во Вашингтон , а најважниот ден е т.н Супер вторник, 5 март , кога ќе се одржат прелиминарни избори во 16 сојузни држави.