Тренчевска: Разрешувањето на директорот со еднострана одлука за време на избори е незаконско дело

Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, по констатираните неправилности во работата на техничката министерка за труд и социјална политика, до Владата на Република Македонија достави предлог да се прогласи неважечка одлуката за разрешување од канцеларија на директорот на Центарот за социјална работа – Радовиш, од 04.04.2024 година.

Тренчевска рече дека предлогот е даден по извршен увид од Државниот инспекторат за труд за отказното решение, по што биле констатирани повеќе неправилности.

„Истовремено, констатирана е незаконската постапка на техничкиот министер во делот на разрешувањето на директорот при распишаните избори, со еднострана одлука! Оваа постапка е спротивна на Законот за Влада на Република Македонија“.

„Законот предвидува дополнителниот заменик на министерот, заедно и рамноправно со министерот, да ги испитува и потпишува сите акти и списи, а доколку тоа не се направи, таквите акти и документи не произведуваат правно дејство.

„На 14-та седница на Владата на Република Македонија беше донесена одлука да се огласи за неважечка разрешувањето на директорот на ЈУ Центар за социјална работа – Радовиш од страна на министерот за труд и социјална политика“, рече Тренчевска.