ТРЕТИОТ СРБИН ПРИСТИГНА ВО АЛ ХИЛАЛ?! Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ би можеле да добијат големо засилување

Фудбалерот на Јувентус, Филип Костиќ би можел да им се приклучи на соиграчите од репрезентацијата Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Како што сега стојат работите, Костиќ на лето ќе го напушти Јувентус иако има договор до 2026 година.

Како фаворит за доведување на српскиот репрезентативец се истакна Ал Хилал, кој беше заинтересиран за трансфер на левиот бек минатото лето како и за време на зимскиот преоден рок.

Тогаш Јувентус реши да го задржи, но сега ситуацијата изгледа поинаква.

Костиќ оваа сезона настапи на 24 натпревари во Серија А и забележа четири асистенции. Според специјализираниот сајт „Трансфермаркт“, неговата вредност е 9 милиони евра.