Турците бесни: Синот на претседателот уби човек, па побегна од земјата, се огласи градоначалникот на Истанбул (ВИДЕО)

Синот на претседателот на Сомалија, кој предизвика сообраќајна несреќа во Истанбул во која загина мотоциклист, избега од Турција.

Мухамед Хасан Шеик Мохамуд со својот автомобил налета на курирот Јунус Гечер на 30 ноември во Фатих. Гечер, кој од ударот бил фрлен во воздух, бил пренесен во болница со тешки повреди, но и покрај напорите на лекарите, шест дена подоцна починал.

Зад себе остави две деца, од кои едното има инвалидитет.

Мухамед Хасан Шеик Мохамуд, кој беше сослушан во полициската станица по сообраќајната несреќа, првично беше пуштен, а потоа беше ставен на забрана за патување.

По смртта на Гечер, обвинителството распишало налог за синот на сомалискиот претседател, но полицијата открила дека тој исчезнал на 2 декември, пишува Хабер.

Следниот чекор е издавање меѓународна потерница.

Бегството на синот на сомалискиот претседател Хасан Шеик Мохамуд предизвика бурни реакции во Турција.

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу , објави видео од надзорната камера на кое се гледа како автомобил управуван од синот на претседателот на Сомалија удира и влече мотоцикл неколку метри.

– Осомничениот невознемирен ја напушти Турција – нагласи Имамоглу и додаде дека „менталитетот на слепи очи“ кога се во прашање моќниците не дозволува одбрана на правата на граѓаните.

Вештакот утврдил дека возачот на мотоцикл не ги прекршил сообраќајните правила и дека нема дефект што довела до несреќата и дека за трагедијата првенствено е виновен осомничениот.

Анкара одржува блиски односи со Сомалија во изминатите децении. Турција ја смета Сомалија за сестринска земја и клучен партнер во Рогот на Африка.

Сомалија има околу 17 милиони жители, од кои апсолутно мнозинство се муслимани.