УАПСЕН МАЛОЛЕТНИК ВО НИШ: Се заканувал дека ќе убие 30 лица

Припадници на МВР во Ниш, по наредба на Вишото јавно обвинителство Ниш, уапсиле седумнаесетгодишник од овој град, поради сомнение дека сторил кривично дело предизвикување паника и опасност.

Се сомнева дека тинејџерот од Ниш вчера на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм објавил порака во која се заканува дека утре во Ниш ќе бидат убиени повеќе од 30 луѓе.

17 годишникот бил изведен пред надлежниот судија на Вишиот суд во Ниш, кој му одредил мерка притвор.