Уапсен педофил на популарна грчка плажа која ја посетуваат и наши граѓани: Спасувачот забележал дека фотографира деца

Многу е важно родителите да обрнат внимание на луѓето околу нивните деца

На плажата Неи Пори во олимписката област во Грција, уапсен е маж поради педофилија .

Таа плажа е многу популарно место за капење и уживање во сонцето, а таму доаѓаат многу семејства со деца, поради што е мета на таков профил на луѓе.

Ваквата вест е уште една причина зошто децата мора да носат костим за капење на плажа, со оглед на тоа што во денешниот случај се утврди дека човекот цело време ги фотографирал децата и кој знае каде ќе завршеле тие фотографии доколку спасителот не забележал што прави и го спречил во тоа.

Затоа, треба да обрнете големо внимание на тоа кој е околу вашите деца, како и како тие се однесуваат.