Уапсен познат актер поради насилство врз сопругата – жената се здобила со повреди на главата и вратот а еве што и кажала на полицијата
Актерот Џонатан Мејџорс беше уапсен откако наводно ја нападнал сопругата за време на семејна расправија.
Њујоршката полиција објави соопштение во кое се вели дека го привеле Мејџорс откако добиле пријава за напад на жена со полесни повреди која била пренесена во болница. Зборувајќи за Hollywood Reporter, претставникот на актерот кажа: „Тој не направи ништо лошо. Со нетрпение очекуваме да го расчистиме неговото име и оваа ситуација“.
Според соопштението на полицијата, тие биле повикани на интервенција во стан во Њујорк, откако одговориле на повикот во кој учествувал маж вмешан во семејна расправија со жена. Жената во полиција изјавила дека била нападната, а, според соопштението, се здобила со полесни повреди на вратот и главата и била пренесена во болница.
„Жртвата ја известила полицијата дека бил нападнат. Полицајците го привеле 33-годишниот маж без да пружаат отпор. Жртвата се здобила со полесни повреди на главата и вратот и била пренесена во болница во стабилна состојба“, изјавил портпаролот на Њујоршката полиција за споменатиот весник. Мажот, идентификуван од полицијата како Џонатан Мејџорс, по апсењето повеќе не е во полициски притвор.
Мејџорс неодамна се појави во Марвеловиот филм -„Ant-Man and the Wasp: Quantumania“ како Канг, и наводно ќе ја повтори улогата на Локи во втората сезона, откако дебитираше како Канг во првата сезона на серијата. Неговата најзначајна неодамнешна улога беше онаа на Демијан Андерсон во третиот дел од филмската франшиза „Creed“.