Убавата банкарка доби отказ поради коментар за Евреите: ,,Не е чудно што Хитлер сакаше да се отараси од нив” (фото)

Американската ,,Ситибанк” отпушти млада банкарка откако таа објави коментар на Инстаграм во кој го поддржува масовното убиство на Евреите за време на Холокаустот.

– Не е ни чудо зошто Хитлер сакаше да се ослободи од сите – напиша Нозима Хусаинова (25) на Инстаграм.

Но, кога се појави скандалот, Нозима ја избриша објавата и сите свои профили на социјалните мрежи.

Банкарката напиша експлозивен коментар како одговор на објавата за бомбардирањето на болницата во Газа, за што Хамас ја обвини израелската армија.

Инвестициската банка потврди дека Нозима била отпуштена.

-Го раскинавме работниот однос со вработената која даде одвратен антисемитски коментар на социјалните мрежи. Го осудуваме антисемитизмот и секој говор на омраза и не го толерираме во нашата банка – изјави портпаролот на банката.

Нозима зазеде почетна позиција во фирмата на Волстрит пред две години.

Според американските медиуми, просечната плата на таа позиција е нешто помала од 75.000 долари годишно.

Војната меѓу Хамас и Израел влезе во 14-ти ден. Досега од двете страни загинаа повеќе од 5.000 луѓе, додека повеќе од милион луѓе останаа без покрив над главата.