УЖАС! НОВ СИЛЕН земјотрес ја погоди ТУРЦИЈА: Повторно се затресе тлото со јачина од 7,7 степени

Турција е погодена од уште еден разорен земјотрес.

Нов силен земјотрес се случи во Турција . Според првите информации, магнитудата е 7,7 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил во областа Елбистан Кахраманмараш. Десетина минути подоцна е регистриран и земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала.

Да потсетиме, во катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, што во 4 часот и 17 минути по локално време ја погоди јужна Турција, според последните информации, загинале повеќе од 1.000 луѓе, а над 5.000 се повредени. Спасувачите со право стравуваат дека бројот на жртви ќе се зголеми бидејќи многумина се заробени под урнатините.

Според Геолошкиот институт на САД (USGS), бројот на загинати може да достигне и до 10.000. Според нивните проценки, USGS вели дека има 47% шанси да достигне помеѓу 1.000 и 10.000 луѓе, 27% шанси да достигне помеѓу 100 и 1.000 и 20% шанса да достигне помеѓу 10.000 и 100.000.