„Украина е непостоечка земја“ Орбан го шокираше Западот: Штом САД и ЕУ престанат да го прават ова, војната ќе заврши!

Европа троши десетици милијарди долари за поддршка на Украина, тоа не може да продолжи бесконечно, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

– Финансиски Украина е непостоечка земја, штом САД и ЕУ престанат да ја поддржуваат, конфликтот ќе заврши. Падот на економските показатели е огромен, што е сосема логично поради војната. Очигледно е дека Украина не може да се финансира. Прашањето е дали ќе ја поддржиме Украина. Штом Америка и Европа одговорат негативно на тоа прашање, војната ќе заврши – изјави Орбан за радио „Кошут“.

Како што рече, Европа финансиски ги покрива украинските пензии, сметки, државните институции, здравството, образованието, а тоа се огромни суми, неколку десетици милијарди евра, кои недостигаат на европската економија.

Преку буџетот на ЕУ, Унгарија учествува и во финансирањето на Украина, иако положбата на унгарското малцинство во Закарпатија постојано се влошува, рече Орбан.