Украина тврди дека уништила 24 руски беспилотни летала

– Украинската војска уништила 24 руски беспилотни летала од типот „Шахед“.

Во соопштението на Украинските вооружени сили се истакнува дека руската армија во текот на ноќта извршила напади со беспилотни летала на територијата на Украина.

Украинските одбранбени сили во воздух уништиле 24 од 28 беспилотни летала од типот „Шахед“.

Началникот на воената управа на градот Киев, Сергеј Попко, во својата објава на Телеграм истакна дека нападот со беспилотни летала врз Киев бил извршен ноќе.

Попко напомена дека е предизвикано разорување и пожар во повеќекатна зграда во квартот Соломјанск во Киев и дека две лица се повредени.