Медиумите јавуваат дека семејството на трагично починатата жена побарало расветлување на овој случај
Постара жена починала откако добила огромна сметка за вода, јавија денеска италијанските медиуми.
Катерина Џовинацо (88) починала во неделата кога од својата снаа дознала дека банката од нејзината сметка за сметката за потрошувачка на вода во периодот август-октомври и одземала 15.339 евра, јавува АНСА.
Давателот на услугата, компанијата ИРЕН, подоцна наводно признал дека сметката е погрешна и дека жената потрошила само неколку кубни метри вода за вкупно 55 евра.
Локалните медиуми јавија дека семејството на трагично загинатата жена побарало расветлување на овој случај.
Во Италија често се случуваат бизарни смртни случаи на нејзини граѓани, особено во последните неколку години. Така, една госпоѓа од Леќе починала во 2021 година од срцев удар кога на нејзината врата се појавил „крадец“.
Дотичниот всушност добил погрешна куќа и бил ангажиран да направи „шега“ со врсник. Кога несреќната жена ја отворила вратата тој и кажал да легне на подот или ќе ја ограбат, таа починала.