Унгарија бара од ЕУ да преземе мерки против бугарскиот транзитен данок на рускиот гас

Во октомври Бугарија со декрет воведе данок од 10,76 долари за рускиот природен гас за 1.000 кубни метри руски природен гас што се испорачува преку територијата на таа земја преку гасоводот „Балкански тек“.

Тој данок ja налути Србија, како и Унгарија, која е членка на Европската унија и во голема мера зависи од рускиот гас што доаѓа главно преку Турција и Бугарија.

Во видеото на Фејсбук, унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока рече дека испратил писмо до Европската комисија барајќи од неа да покрене постапка за прекршување против Бугарија, потенцијален прв чекор што ЕУ може да го искористи за да обезбеди дека земјите-членки се придржуваат до нејзините закони.

Бока рече дека Бугарија го воведе данокот без претходна консултација со Унгарија и дека тој верува дека мерката е кршење на царинските и трговските прописи на ЕУ.

„Бугарскиот енергетски данок сериозно ја загрозува енергетската безбедност на Унгарија и на целиот регион“, рече Бока, додавајќи дека Унгарија е подготвена да го покрене ова прашање пред највисокиот суд на ЕУ пред крајот на годината, доколку Комисијата не ја започне постапката во врска со прекршувањата на прописите.

Повеќето земји во Европа во голема мера најдоа алтернативи за рускиот гас откако Москва ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година. Но, Унгарија лобираше во Москва да обезбеди поповолни аранжмани за гас во 21 месец од почетокот на војната, според АП.

Во Бугарија, испораките од Гаспром беа прекинати набргу по почетокот на руската инвазија на Украина, но Бугарија дозволи користење на гасоводот Турски тек што минува низ нејзината територија за снабдување на Србија и Унгарија, за двете ,,најпроруски” Влади во Европа, според АП.

За таксата со која се воведува такса од десет евра за мегават-час за пренос на руски гас, се разговараше во ЕУ во октомври, но не беше донесена одлука дали е соодветна.

Бугарската влада најави дека не очекува данокот да ги зголеми цените во Унгарија и Србија, туку да го намали профитот на Гаспром.