Уште една византиска црква станува џамија во Истанбул

По Аја Софија, уште една црква во Турција ќе биде претворена во џамија. 

Црквата на Христос Спасителот од 12 век во Истанбул ќе биде претворена во џамија од 23 февруари, кога ќе ги прими првите муслимански верници кои ќе се молат.

Црквата, позната и како Хора, по истоимениот манастир во кој се наоѓа, е музеј во изминатите 79 години, пишува ekathimerini.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган издаде декрет за да ја претвори црквата Хора, една од најпознатите византиски згради во Истанбул, во џамија. 

Ова се случува само еден месец откако познатата Аја Софија стана џамија. 

Во декретот на Ердоган не се прецизира кога ќе се одржат првите муслимански молитви во Хора. 

Во средновековната црква Светиот Спасител во Хора, изградена во близина на античките градски sидови на Цариград, има византиски мозаици од XIV век и фрески што прикажуваат сцени од библиски приказни, објави Ројтерс.

Тие беа покриени откако Османлиите го освоија градот во 1453 година, но беа повторно откриени кога – како Аја Софија – зградата беше претворена во музеј пред повеќе од 70 години.

Турскиот суд лани ја собори одлуката на владата од 1945 година да ја претвори Хора – позната како Карије на турски јазик – во музеј.

Историската џамија, опремена со специјално дизајнирани црвени теписи, треба да биде отворена за верниците во петок на 23 февруари. Мозаиците и фреските во историската џамија се зачувани и ќе бидат изложени за посетителите.

Црквата се наоѓа во историскиот центар на Истанбул, недалеку од некогашните византиски ѕидини и уште една знаменитост – портата преку која султанот Мехмет Втори влегол во градот.

Основан е во 6 век како дел од стариот манастирски комплекс. Сегашната зграда е изградена во 12 век, иако претрпе драстични промени и реновирање веќе во 14 век.

Хора е познат по тоа што ги смести некои од најдобрите примероци на византиски мозаици, кои преживеале низ вековите и се зачувани до ден-денес.

По падот на Константинопол, таа успеала да опстои уште неколку децении како црква, пред да биде пренаменета во џамија. Објектот е реновиран по Втората светска војна и оттогаш функционира како музеј.

Денес, едиктот потпишан од Ердоган и објавен во службениот весник на Турција, вели дека управувањето со џамијата Карије е пренесено на администрацијата за верски прашања и дека џамијата е отворена за богослужба.