Фудбалскиот свет го уништува Ван Дијк: Пензионерот Перишиќ го врати во Гронинген (ВИДЕО)

Ливерпул имаше НЕРЕАЛЕН старт против Тотенхем во натпреварот од 30. коло на англиската Премиер лига. По само 15 минути игра Црвените водеа со 3:0. Некои од навивачите на Тотенхем потоа разочарани го напуштија Енфилд. И штета што го направија тоа затоа што ја пропуштија мајсторијата на Иван Перишиќ што следеше во 40. минута од натпреварот.

Откако Тотенхем во неколку потези извонредно изгради напад од својата половина и ја отвори одбраната на Ливерпул, топката дојде до хрватскиот фудбалер по левата страна. Перишиќ веднаш се упати кон голот, а попатно дрибла и го собори на грб Вирџил ван Дијк и се ослободи за аут. Тој ја испрати топката пред голот, а тука беше Хари Кејн кој погоди за 3:1

Овој потег на Перишиќ брзо стана вирален на Твитер, па до ден денес се објавуваат голем број реакции на ситуацијата. Се огласија многу фанови, но и познати сајтови кои решија да го исмеваат Ван Дијк.

Една од највиралните објави е онаа на непознат твитерџија, но собрала дури 20 илјади лајкови. Се состои од скриншот од ситуацијата и коментар дека пензионираниот Перишиќ го вратил Ван Дијк во Гронинген, клубот во кој играше на почетокот на кариерата.

Barstool sports објави видео од ситуацијата и напиша дека Ван Дијк „јадел трева“, а Troll Football сподели компилација од најдобрите фотомонтажи објавени на сметката на стоперот на Ливерпул.