Филип Недев освои прво место во кати за деца од 8-9 години на европскиот шампионат во традиционални карате во Ново Место, Словенија.
Од македонските каратисти кои учествуваа на овој шампионат со бронзен медал се закитија Матеј Мангаровски во кадети и Максим Поп Трпев во кати за деца од 6-7 години.
Камелија Недев за малку и побегна медал и го освои четвртото место во кати.
На првенството во Словенија учествуваат 600 натпреварувачи од 20 држави.