ФОТОГАЛЕРИЈА | КАКОВ УСПЕХ! По 500 дена поминати во пештера длабока 70 метри, оваа жена излезе и конечно ја виде светлината на денот: “Може ли некој да ме држи ?“

Екстремната спортистка од Шпанија излезе на виделина откако помина 500 дена во пештера во близина на Гранада на длабочина од 70 метри без контакт со надворешниот свет, во експеримент внимателно следен од научници кои сакаат да дознаат повеќе за способностите на човечкиот ум и деноноќниот ритам.

Беатриз Фламини, 50-годишна елитна спортистка, планинарка и алпинистка, го собори светскиот рекорд за време поминато во пештера, според нејзиниот тим за поддршка. Таа имала 48 години кога отишла во пештерата, а два родендени прославила сама под земјата.

Таа го започнала овој предизвик во саботата, 20. ноември 2021 година, пред избувнувањето на војната во Украина, кризата со трошоците за живот, крајот на условот за носење заштитна маска во Шпанија и смртта на британската кралица Елизабета II.

Медиумското покривање за нејзиното излегување од пештерата било ограничено. Националниот телевизиски канал TVE ја сними како носи темни наочари и го гушка тимот по излегувањето на површина.

Таа го опиша своето искуство како „одлично и убаво“, а новинарите ја прашаа за повеќе детали, па таа одговори: „Молчев година и пол, не разговарав со никој освен со самата себе“.

Ја губам рамнотежата, затоа ме држат. Сега морам да се истуширам, година и пол не сум допрела вода, ќе се видиме наскоро. Во ред ?“, кажала таа на новинарите.

Портпаролот на гинисовата книга за рекроди не можел веднаш да потврди дали има посебен рекорд за доброволен престој во пештерата и дали Фламини го соборила истиот.