Фотографијата која докажува дека принцезата Шарлот е КОПИЈА НА СВОЈАТА БАБА: Кога ќе ги видите неа и Дијана, се ќе ви биде јасно

Откако се родени, децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се под очите на јавноста подеднакво како и нивните родители.

Се проучува секое појавување во јавноста, почнувајќи од нивната гардероба, кои животни најмногу ги сакаат, на кого личат, зошто се облечени онака како што се итн.

Но, мора да се признае дека осумгодишната принцеза Шарлот го освои срцето на нацијата со својата слаткост.

Сепак, има уште една причина зошто Британците толку многу го сакаат. Имено, најмладата правнука на кралицата Елизабета Втора неверојатно личи на нејзината баба – трагично починатата принцеза Дијана .

Фотографиите објавени на социјалните мрежи од верните фанови на кралското семејство покажуваат фасцинантна сличност меѓу баба и внука.

Мајката на Вилијам, принцезата Дијана е неприкосновена миленичка на британската нација. Во историјата на оваа земја за ниту еден член на кралското семејство досега не се пишувало или зборувало толку многу како за неа. А љубовта кон Дијана не стивнува ниту по речиси три децении од нејзината смрт во 1997 година.

А се чини дека малата Шарлот, освен физичката сличност, го наследила и генот за допадливост на бабата, па на двегодишна возраст веќе била миленичка на печатот и јавноста, па се до денес.