Фински научници направиле „ТЕСТ ЗА СМРТ“: Можно е да се открие дали некој ќе умре ВО СЛЕДНИТЕ 5 години

Финските научници не ја криеја возбудата кога сфатија дека можат да предвидат кои здрави луѓе би можеле да умрат во блиска иднина.

„Тест на смрт“ заснован на четири главни биомаркери во телото може да предвиди дали ќе бидете живи или не за пет години. Според тестот на крвта во овој тест, луѓето чии биомаркери не биле во функција, иако немале никаква болест, имале поголема веројатност да умрат во период од пет години.

– Посебно е интересно што овие биомаркери го рефлектираат ризикот од смрт од различни видови болести како што се срцеви заболувања или рак . Се чини дека тие се знаци на општа слабост во телото – вели д-р Јоханес Кетунен од Институтот за молекуларна медицина во Финска.

Кетунен верува дека во иднина ваквите тестови може да се користат за да се спасат луѓето кои изгледаат здрави, но всушност имаат големи шанси да заболат од смртоносни болести.

Британскиот магазин „Телеграф“ објаснува дека биомаркер е биолошка молекула која се наоѓа во крвта, телесните течности и ткивата која има способност да укаже на абнормални процеси во организмот и разни болести.

Нивото на одреден биомаркер укажува на ризикот од болест на пациентот или нивниот веројатен одговор на третманот. На пример, нивото на холестерол се мери за да се утврди ризикот од срцеви заболувања.

Научниците проучувале примероци од крв од 17.000 генерално здрави луѓе користејќи повеќе од 100 различни биомаркери, а потоа ги следеле тие луѓе во следните пет години. Во тој период 684 лица починале од разни болести, меѓу кои и рак и кардиоваскуларни болести. Научниците открија дека секој што умрел има слични нивоа на четири главни биомаркери.

Тоа се албумин, алфа-1-киселински гликопротеин, цитрат и многу разредена големина на честички на липопротеин. Овие биомаркери се поврзани со функцијата на црниот дроб и бубрезите, воспаление и инфекции, енергетски метаболизам и васкуларно здравје.