„СНИМКА ОД ДЕЦА ВО ГРАДИНКА ВО ДАНСКА“ Мајките во Македонија се фрапирани бидејќи не можат да веруваат што им дозволиле: Експертите тврдат дека ова е здраво

Често зборуваме за скандинавските навики и начини на воспитување деца. Ги забележуваме разликите и гледаме што ги прави најсреќните луѓе на светот и покрај лошите временски услови и суровата средина за живеење. Ни се чини дека знаеме сè, но не го применуваме.

Според тоа, се појави видео кое покажува како децата го поминуваат времето во градинка .

Она што родителите во Данска го сметаат за здраво и квалитетно време надвор, величајќи ја врската со природата, би ја шокирало секоја просечна мајка во Македонија. Особено кога вака се вратило дете од градинка!

– Ова е од данска градинка. Ми се допаѓа! Играњето и скокањето во кал е повеќе од забава – тоа е од суштинско значење за сетилниот развој на децата. Кога децата се валкаат со кал, тие ги вклучуваат сите сетила: допир, вид, мирис, па дури и звук. Од мекото чувство меѓу нивните прсти до земјениот мирис што го исполнува воздухот, играта со кал нуди богато сетилно искуство што не може да се повтори во затворен простор. Оставете ги да го прегрнат нередот и да се нурнат во радоста на калливата игра – нивните сетила ќе им се заблагодарат за тоа, се вели во описот на видеото.

Факт е дека тоа е повеќе од забавно за децата, а очигледно и корисно.

А какво е вашето мислење за ваквиот пристап кон играта и образованието, пишете ни во коментар.