ФОТО | ВИСТИНСКИ ХОРОР – Случајот што го потресе целиот свет: 15-годишно девојче било брутално силувано, фрлена гола пред пруга, а потоа запалена…

Русинката Јарослава Шикова (15 г.) почина откако била брутално силувана, фрлена гола покрај пруга и запалена, случај што го потресе целиот свет. 

Машиновозачот го запрел возот кога забележал дека 15-годишна девојка која се наоѓала покрај шините на тревата била оставена т.е. запалена. Полицијата верува дека девојчето било оставено да умре носејќи само чорапи откако било нападнато во регионот на Перм во Русија, пишува Daily Mail.

слика
Јарослава Шикова

Девојчето итно било пренесено во болница и преживеало десет дена, при што го идентификувала наводниот напаѓач. Ученичкиот Сергеј Мињазев (16 г.) е приведен поради сомнение дека силувал и убил 15-годишно девојче. Мајката на Сергеј МињазевИрина, е затворски чувар, а неговиот татко Радик е полицаец. Други двајца тинејџери, исто така се приведени и се сослушуваат за нивната улога во убиството.

Среде војната со Украина, во Русија има зголемен број на тешки злосторства извршени од млади луѓе, што дополнително го потврдува и овој случај. Шокираниот машиновозач застанал и повикал помош веднаш штом го видел изгореното тело на девојчето.

Телото беше поставено дијагонално преку шините, насекаде имаше крв. Ја видов како се тркала од шините и ја губи свеста. Имаше изгореници по телото, дури и тревата во нејзина близина чадеше. Кога пристигнаа болничарите, таа сè уште беше во несвест“, изјавил вработениот во железницата за тамошните медиуми.

Други извори велат дека девојката била целосно гола, и дека само чорапите и останале на нозете.

слика
Местото на злосторството во Перм, Русија

Не најдовме облека, главата на девојката беше облеана во крв, а косата изгорена. На телото имапе крв, најверојатно и ја ударале главата во шините. Имала среќа што не ја прегазил воз“, рекол еден од сведоците за руските медиуми.

Тој додал дека измаченото девојче имало запалива течност во устата и гениталиите, поради што сметаат дека напаѓачите се ослободувале од биолошките траги. Сведокот тврди дека имала изгореници на левата страна од телото, левата нога и раката, а кога се обиделе да ја кренат, кожата и се олупила од рацете.

Нејзиниот вознемирен татко, универзитетски професор, рекол дека девојчето се вратило од забава во куќа на Мињажевља и отишло да спие. Додека родителите биле убедени дека таа спие во својата соба, девојчето се излегло низ прозорецот и се вратило на забавата.

Страшниот случај е ставен под надзор на највисокиот руски криминален обвинител, Александар Бастрикин, кој е универзитетски колега на рускиот претседател Владимир Путин

Александар Бастрикин пред два месеци се пожали на зголемување на тешките кривични дела извршени од деца. Органите на прогонот му одредиле притвор на Сергеј Мињазев додека трае истрагата.