ФОТО | Дилета Леота покажа како изгледала нејзината мајка во младоста, луѓето се согласуваат: „Вие сте идентични“

Една од најпознатите спортски новинарки Дилета Леота со години го привлекува вниманието со својот атрактивен изглед, а сега покажа од кого го наследила.

Таа на својот Инстаграм профил сподели голем број заеднички фотографии со својата мајка, а на една од нив се гледа како изгледала нејзината мајка во младоста.

Среќен роденден на најсилната и најслатката мајка и баба“, напишала Леота.

„Идентични сте“, „Двете сте убави“, „Мајка ти била толку убава во младоста. Таа е и денес“, се дел од комплиментите под објавата.

Инаку, Дилета се породи на 16 август, на нејзиниот роденден, а нејзиниот партнер, фудбалерот Лорис Кариус, отпатува од Англија во Италија за да биде со нив.

Лорис и таа во ноември минатата година потврдија дека се во врска. Тогаш папараците ги снимиле додека се шетаат низ Милано држејќи се за рака.