ФОТО | ‘КРАЛИЦАТА НА УБАВИНАТА’ ПОВТОРНО ГО УКРАДЕ ШОУТО – Убавицата се појави на престижен настан и едвај го задржа бујното деколте, па мораше да го држи со рацете

Англиската манекенка, ТВ-лице и поранешна „кралица на убавината“, Кристин Мекгинис, која светската јавност можеше да ја види во ријалити серијата „The Real Housewives of Cheshire“ помеѓу 2018 и 2020 година, повторно го привлече вниманието со својата ризична, но секси облека.

Кристин Мекгинис, всушност, се појави на доделувањето на наградите Pride of Britain, а за таа прилика облече црвен фустан без прерамки кој го истакна нејзиното бујно деколте.

слика
Кристин Мекгинис

35-годишната ѕвезда пристигна во автомобил со нејзината пријателка Хелен Фланаган (35 г.), која исто така покажа впечатливи облини во црн фустан со длабоко деколте, а кога Кристин Мекгинис излегла од автомобилот, за малку се ќе покажела многу повеќе од тоа што сакала поради тесниот и секси црвен фустан.

Инаку, Кристин Мекгинис неодамна се разведе од сопругот, ТВ водителот Педи, а разводот во јули минатата година, кој се случи по 11 години брак, и беше исклучително тежок. Тие двајца и по разводот продолжиле да живеат заедно во иста куќа, а заедно одгледуваат три деца – близначките Пенелопе и Леа (10 г.) и Фелисити (7 г.). Со нејзиниот поранешен сопруг Педи, таа учествуваше во документарен филм за аутизмот, а започнаа и заеднички подкаст на оваа тема.